Политичар по потекло од кумановско кандидат за градоначалник на Цирих

од Nikola Popovski
87 прегледи

Прпарим Авдили, по потекло од кумановско е номиниран од одборот на швајцарската Либерална партија (ФДП) како кандидат за градоначалник на Цирих. Самиот Авдили ја објави веста преку статус на социјалната мрежа Фејсбук. Авдили во објавата се осврнува на своето потекло, нагласувајќи дека неговото семејство има корени од Куманово, но дека неговиот живот се врзал за Швајцарија, каде што е израснат.

„Израснав во Цирих како дете на семејство со мигрантско потекло. Моето образование го стекнав во населбите Алтштетен и Албисриден, а и денес останав близок со моето маало – сè уште играм фудбал со другарите од детството. Цврсто сум поврзан со овој град и секојдневно го живеам со страст она што го правам,“ напиша Авдили.

Му се заблагодарува на бордот на ФДП за довербата што му ја дале.

„Сакам Цирих понатаму да се развива. Цирих да напредува. Цирих конечно да се перцепира како метропола“, наведува Авдили.

Тој е финансиски директор на непрофитната компанија за обука libs, која се наоѓа во Северен Цирих, каде што поддржуваат 1.500 практиканти во машинската, електротехничката и металопреработувачката индустрија во нивните кариери.

Авдили инаку потекнува од селото Лојане во општина Липково, кумановско.