Политичарите во Британија се против кандидатурата за Мундијалот во 2030 година

од Берта Китинска
220 прегледи

Претседателот на британскиот парламентарен комитет за спорт, Џулијан Најт, препорача британската и ирската фудбалска федерација да се откажат од кандидатурата за домаќин на Светското првенство во 2030 година.

„Сите знаат дека кандидатурата за Светското првенство е само еден огромен, залуден и скап проект“, рече тој, цитиран од Би-би-си.

Осврнувајќи се на инцидентите за време на финалето на ЕП 2020 што се одржа во Лондон, Најт рече дека проблемот е и во угледот што го има Британија кога е фудбалот во прашање.

„Тажно е, бидејќи идеално сме подготвени да бидеме домаќини на овој турнир, но имаме огромен проблем со реномето на меѓународно ниво кога е фудбалот во прашање“, рече тој.

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, веднаш по завршувањето на Европското првенство изјави дека инцидентите нема да влијаат на шансите на Велика Британија и Република Ирска да организираат големи настани во иднина, пренесе Бета.

УЕФА го избра и Вембли за домаќин на натпреварот меѓу европскиот шампион на Италија и шампионот на Јужна Америка, Аргентина.

„Најдобро би било оваа амбиција да се сврти кон нешто остварливо, да се ослободиме од глупостите „ние сме лулка на фудбалот“, да го реформираме спортот на национално ниво, да се фокусираме на победа и успешно организирање на ЕП 2028“, рече Најт.

Домаќин на ЕП во 2024 година ќе биде Германија, додека Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

Слични содржини