Политичкиот лидер на Хамас Исмаил Ханије е убиен во Техеран, објави во средата иранскиот државен медиум „Press TV“, повикувајќи се на Корпусот на иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), елитното крило на иранската војска.
Официјален претставник на Хамас соопшти дека групата е „подготвена да плати различни цени“ откако нејзиниот политички лидер беше убиен во Техеран.
„Ние сме ангажирани во отворена војна за ослободување на Ерусалим и подготвени сме да платиме различни цени“, рекол Сами Абу Зухри, пренесува „Си-Ен-Ен“.
Израелската војска одби да го коментира убиството на Ханије, додека Белата куќа соопшти дека се запознаени со извештаите за смртта на лидерот на Хамас.
Осуда на палестинскиот претседател
Палестинскиот претседател Махмуд Абас го осуди убиството на политичкиот лидер на Хамас, објави новинската агенција „VAFA“.
„Претседателот на државата Палестина, Махмуд Абас остро го осуди убиството на шефот на движењето Хамас, големиот лидер Исмаил Ханије и го оцени како кукавички чин и опасен развој на настаните. „Неговата екселенција ги повика масите и силите на нашиот народ да се обединат, да бидат трпеливи и непоколебливи пред израелската окупација“, соопштиле од „VAFA“.
Генералниот секретар на Извршниот комитет на Организацијата за ослободување на Палестина, Хусеин Ал Шеик исто така го осуди убиството преку посебна изјава.
„Најостро го осудуваме и го осудуваме атентатот на шефот на Политичкото биро, националниот лидер Исмаил Ханија. Сметаме дека тоа е кукавички чин, кој не турка да останеме постабилни пред окупаторот“, порачал Ал Шеик.