Политичките партии во Чиле го отворија патот за донесување нов Устав

од Aleksandar Petrovski
243 прегледи

Политичките партии во Чиле рано утринава се договорија и го отворија патот за донесување на нов Устав, соопштија  преговарачите во Сантијаго де Чиле, по неколкунеделните протести, јави ДПА.

Речиси едномесечниот бран протести беше и премногу насилен, а во него загинаа повеќе од 20 лица, додека стотици се повредени.

Вчерашните маршеви низ улиците на главниот град Сантијаго во голем дел беа мирни, за разлика  од градот Валпараизо, каде демонстрантите вооружени со стапчиња и камења се судрија со полицијата, среде облаци солзавец, објави радиото 24 Хорас.

Во обид да ја деескалира ситуацијата во земјата, претседателот Себастијан Пинера претходно го откажа зголемувањето на цената на билетите за метро, што првично беше причина за протестите, и најави мерки како што се зголемување на минималната плата и пензиите и повисоки даноци за богатите.

Но, мерките не ги смирија демонстрантите и Пинера конечно ги прифати нивните барања за уставни реформи, дополни ДПА.

Слични содржини