Политика во спортот: Навивачите на софиска ЦСКА не сакаат натпревар против Македонија Ѓорче Петров

од Nikola Popovski
212 прегледи

Навивачите на ЦСКА Софија го повикале раководството на фудбалскиот клуб да ја откаже пријателската средба, планирана за 29-ти јануари против Македонија Ѓорче Петров, на подготовките во Турција, поради како што велат, односот кон лицата со бугарска самосвест во Р. Северна Македонија, јавува агенцијата „БТА“.

Конкретната причина за ова е поради тоа што на 19-ти јануари секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, Христијан Пендиков беше тешко повреден откако беше нападнат од три лица.

„Ќе ја искористиме нашата трибина да ги повикаме водечките фактори во нашиот сакан клуб да ја откажат претстојната контрола на 29.01 со ФК Македонија Ѓорче Петров. Вето за антибугаризмот! Силно веруваме дека нашиот национален интерес и достоинство немаат алтернатива. Бугарија пред се!“, напишале популарните „Трибуна Сектор Г“ на нивниот Фејсбук профил.

Уште еден фудбалски тим од Бугарија, Пирин Благоевград вчера ја откажа планираната контрола против ФК Скопје по барање на нивните навивачи поради истата причина.

Слични содржини