Бугарија е меѓу земјите за кои се очекува да ги блокираат повеќето предлози на Европската комисија за санкции против Израел поради неговите дејствија во Појасот Газа, пишува „Политико“.
Ова веројатно ќе се случи на денешниот состанок во Брисел на постојаните претставници на земјите-членки на ЕУ. Слични дејствија се очекуваат и од Италија, Чешка, Австрија, Унгарија и Германија.
Предлозите, кои треба да бидат објавени денес, вклучуваат трговски ограничувања и мерки против израелските министри и еврејските екстремистички доселеници. Причината е извештајот на независна група до ОН, според кој дејствијата на Израел во Газа ја исполнуваат законската дефиниција за геноцид.
Клучен елемент од пакетот е можното суспендирање на преференцијалната трговија според Договорот за асоцијација меѓу ЕУ и Израел. Станува збор за договор вреден над 42 милијарди евра, од кои 37% е со преференцијални услови.
Сепак, германскиот канцелар Фридрих Мерц сигнализираше дека неговата земја не е подготвена да поддржи сеопфатен пакет казнени мерки, особено кога станува збор за стратешкиот сојуз меѓу Берлин и Тел Авив, изграден врз историски темели поврзани со Холокаустот, забележува „Политико“.
Во исто време, неофицијални извори укажуваат дека Германија може да поддржи санкции против екстремистичките доселеници.