Политико: ЕУ постигна „компромис“ околу барањата на Бугарија кон С. Македонија

од Nikola Popovski
477 прегледи

Повикувајќи се на извори на висок дипломат во ЕУ, денес бриселски „Политико“ објави дека на вчерашниот состанок на амбасадорите на ЕУ во Брисел, наводно, бил постигнат компромис за започнување на првата меѓувладина конференција меѓу Европската Унија и С. Македонија, при што Бугарија се согласила на овој „компромис“.

Според Политико, во постигнатиот компромис, Бугарија ќе ги признае македонскиот јазик и македонскиот идентитет, во замена за Северна Македонија да ја признае „историската вистина“, како што е дефинирана од Софија, како и да признае дека постојат дека има бугарски темели врз кои е создаден каков било македонски идентитет и официјален јазик.

Ако ова всушност претставува „компромис“, тоа подразбира дека повеќето бугарски барања би биле прифатени. Политико известува дека огорченото прашање останува дали Северна Македонија е подготвена да ја прифати „историската вистина“ претставена од Софија, по прилично негативните реакции забележани од нејзините граѓани во врска со ова прашање.

Официјална потврда на информациите нема ниту во Софија ниту во Скопје, но содржината на предлогот меѓу редови се чита и од последната изјава на шефица на бугарската дипломатијата.

„Не ни е целта да ја блокираме, напротив 30 години сме и помагале на Македонија“, изјави вчера шефицата на дипломатијата на Бугарија, Екатерина Захариева.

Таа за БГНЕС соопшти дека Договорот за пријателство меѓу Бугарија и Македонија ги има сите гаранции да се применува во добра волја и од двете страни.

Предлог засега официјално, според премиерот Заев и претседателот Пендаровски, не е доставен до македонските власти и не би можеле да коментираат колку тој е прифатлив. Но, премиерот уште еднаш изрази подготвеност за компромис и ги охрабри работните групи и историската комисија да продолжат на изнаоѓаање решенија за отворените спорови.

Слични содржини