Полицаец бил удрен од струја при исклучување на семафор

од Nikola Popovski
296 прегледи

МВР соопшти дека вчера изутрина полициски службеник се здобил со повреди откако го удрило струја на семафор во Скопје.

„На 10.05.2021 година околу 09.30 часот на крстосница од булеварите „Беласица“ и „Гоце Делчев“, додека полициски службеник од СВР Скопје вршел службени дејства, го удрило струја при исклучување на семафор“, велат од полицијата.

Тој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Слични содржини