Полициски службеник од Њујорк употребил празна вреќа чипс и леплива лента за да ѝ пружи прва помош на жртвата од прободување, што на крајот, како што објавија властите, ѝ го спасило животот на повредената.
Полицаецот Роналд Кенеди пристигнал на местото на настанот во Харлем на 7 јули и веднаш ѝ пришол на жртвата.
„Донеси ми веднаш кеса чипс“, се слуша Кенеди на снимката, која полицијата ја објави по инцидентот.
Еден човек, кој стоеше во близина, истрча до продавницата и се врати со кеса чипс. Полицаецот ја испразни кесата и побара леплива лента.
„Ме погоди во белите дробови“, рече жртвата, по што полицаецот одговори дека знае и ѝ рече да се опушти, пренесува Си-Ен-Ен.
Above & beyond!
Watch as @NYPD28Pct cops keep a stabbing victim alive using an empty potato chips bag & tape.
NY’s #Finest at work…pic.twitter.com/OGRJoa0q5i
— Commissioner Shea (@NYPDShea) July 17, 2021
Потоа полицаецот повикал две лица да му помогнат да ја положи жртвата на грб, по што тој почнал да ја лепи вреќата на градите на жртвата за да ја покрие раната и да го забави крварењето додека не пристигне брзата помош.
„Те имаме, те имаме“, се слуша како зборува Кенеди.
Кога брзата помош пристигнала на местото, тие го отстраниле импровизираниот завој на Кенеди, ја ставиле жртвата на носила и ја пренеле во болница.
Според лекарот, брзото размислување на Кенеди ѝ го спасило животот на жртвата.
Засега е непознато дали осомничениот е уапсен.