Министерството за внатрешни работи објави дека организирале спасувачка акција во прилепскиот регион.
„Денеска околу 12.00 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Старавина при Регионалниот центар за гранични работи Југ во соработка со екипа на Територијалната противпожарна единица извлекле шест лица од прилепското село Вепрчани, кои поради снежни наноси не можеле да излезат од селото од 13.02.2021. Лицата биле на возраст од 24 и 25 години од Кавадарци и во село Вепрчани отишле на 13.02.2021“, велат од Министерството.
Според полицијата, сите биле затекнати во добра здравствена состојба.
„Со возила на граничната полиција и на противпожарната единица тие биле однесени во Прилеп од каде заминале во своите домови во Кавадарци“, стои во објавеното од МВР.