Полицајци од Њујорк завршиле во болница – испиле шејк во кој наводно имало белило

од Vladimir Zorba
149 прегледи

Тројца службеници на полицијата во Њујорк завршија во болница откако во понеделникот вечерта пиеле милк шејк во ресторанот „Shake Shack“.

Според извештајот на Здружението на доброволни полициски сили на Њујорк (NYCPBA), можеби имало белило во нивните пијалоци, пренесува Си-Ен-Ен.

Полицијата веднаш започнала истрага и утрово беше утврдено дека вработените во ресторанот не сториле никакво кривично дело. Инспекторите веруваат дека проблемот настанал откако траги од раствор за чистење останале во машината за млеко.

„Полициските службеници купиле пијалоци во ланец на ресторани во Менхетен околу 8:30 часот. Сите тројца полицајци биле пренесени во локална болница, каде биле лекувани и кои брзо биле пуштени дома“, изјави портпаролката на полицијата.

NYCPBA, која претставува повеќе од 50.000 активни и пензионирани полицајци, во понеделникот вечерта објави на Твитер дека службениците „откриле дека во нивните пијалоци е внесена токсична супстанција слична на белило“.

„Ако полицајците во Њујорк не можат да пијат или да јадат нешто без да бидат нападнати, јасно е дека работиме во околина што се влошила на критично ниво“, напиша Патрик Линч, претседател на NYCPBA.

Ресторанот „Shake Shack“ напиша на Твитер во понеделникот навечер дека се „ужаснати од тоа што се случило со полицајците“ и дека работи со полицијата на истрагата. Во вторникот наутро, тој ја надополни објавата и напиша дека на вработените им „олеснало кога слушнале дека полицајците се добри“ и дека „напорно работат за да добијат целосна слика за тоа што се случило“.