Припадници на секторот за внатрешна контрола при Министерството за внатрешни работи на Србија уапсија тројца службеници на полициското одделение Сомбор.
Врз основа на изјавите на Министерството за внатрешни работи, С. П. (33), Ј.С. (36) и Д. Ц. (42) се обвинети за сторени кривични дела злоупотреба на службената положба. Уапсените полицајци се товарат дека ја користеле својата службена положба и овластувања при постапувањето кон мигранти во септември и одземале мобилни телефони и пари од нив, за што не составиле службени записи. Се сомнева дека телефоните потоа биле продадени.
Осомничените беа притворени до 48 часа, по што заедно со кривична пријава ќе бидат изведени во надлежното обвинителство.