Полицајци патролираа заедно со родители во Аеродром

од Nikola Popovski
271 прегледи

Општина Аеродром информира дека ноќна патрола на неколку локации низ општината синоќа извршиле градоначалникот Тимчо Муцунски заедно со претседателот на советот на општината Дејан Митески, претставници од советот на родители во основните училишта и командирот на ПС Аеродром Тони Петровски.

Во рамките на оваа патрола се посетиле неколку паркови, училишта, градинки, игралишта и други места каде вообичаено се собираат граѓаните во ноќните часови, со цел да се лоцираат и превенираат евентуални нарушувања на јавниот ред и мир.

-Со лицата кои беа затекнати на разни локации во пријатен и пријателски разговор зборувавме за законските правила и прописи кои се однесуваат на зачувувањето на јавните површини и јавниот ред и мир, како и потребата од наш заеднички активен ангажман за одржување на чистотата и мирот во општината. Ја истакнавме нашата заложба за чување и одржување на урбаната опрема и јавниот простор, како и за засилениот ангажман на МВР за подобрување на безбедноста на граѓаните, велат од општина Аеродром.

 

Слични содржини