Полицајци со „дачија“ влетале во паркирано комбе на „Деве Баир“

од Nikola Popovski
217 прегледи

МВР информира дека полициско возило вчера вечерта удрило во паркирано комбе во близина на терминал на граничниот премин Деве Баир, при што повредени се двајца полицајци.

Според полицијата, комбето со турски национални ознаки било паркирано од С. А. (63) од Р. Турција кога во него удрило полициското возило „дачија дастер“.

Двајца полициски службеници добиле телесни повреди, констатирани во Здравствниот дом во Крива Паланка. Извршен е увид.