Полиција и ДПИ во „Интермецо“ пред почетокот на концертот на Цетински

од Vladimir Zorba
493 прегледи

Полиција и инспектори од Државниот пазарен инспекторат се наоѓаат во кафе барот „Интермецо“ каде вечерва треба да се одржи концертот на хрватскиот пејач Тони Цетински, пренесе Телма.

Менаџерот на „Интермецо“ за телеивизијата изјави дека објектот собира 1.000 лица но дека во него се сместени само 220 за концертот и дека се почитуваат сите мерки пропишани од Министерството за здравство и Владата.

Владата на вечерашната седница ги прифати предложените мерки на Комисијата за заразни болести, кои предвидуваат забрана за гостување на пејачи и ди-џеи во сите угостителски објекти, ограничување на јачината на музиката до 55 децибели и намалување на бројот на лица кои може да седат на една маса во угостителски објект од сегашните 12 на четири, потврди министерот за здравство Венко Филипче.

Мерките стапуваат во сила по објавување во Службен весник.

Слични содржини