Во моментов група граѓани се собрани пред седиштето на компанија „Беса Транс” интересирајки се за своите своите најблиски.
Еден од автобусите во сопственост на компанијата враќајќи се од Истанбул денеска имаше несреќа во Бугарија при што загинаа над 45 граѓани на Република Северна Македонија.
Премиерот на С. Македонија Зоран Заев ја потврди информацијата дека автобусот е во сопственост на „Беса Транс” која е регистрирана во село Рашче, општина Сарај.
„Компанијата е туристичка компанија и често превезува Скопје – Истанбул“, додаде Заев.
Тој рече дека немал начин да знае дали возилото е во добра работна состојба.
„Тоа ќе го кажат професионалци и истражители“, истакна Заев, кој по „Пирогов“ ќе разговара и со премиерот на земјата, Стефан Јанев.
Тешката несреќа се случи ноќеска пред два часот на магистрала Струма, во близина на Перник. Македонските државјани биле на враќање од Истанбул, каде што заминале на 18 ноември. Во екскурзијата организирана од туристичкатa агенција биле вкупно четири автобуси.
Фото:Принтскрин