Полиција упадна во просториите на Јувентус, наводно проневериле 50.000.000 евра

од Vladimir Zorba
280 прегледи

ФУДБАЛСКИОТ клуб Јувентус повторно е во центарот на скандал, овојпат не се работи за „калчополи“, туку за малверзации со пари.

Според италијанските медиуми, „црно-белите“ се под истрага на финансиската полиција, се поради наводната проневера на 50.000.000 евра.

Челниците на клубот се под истрага, предводени од претседателот Андреа Ањели, потпретседателот Павел Недвед и поранешниот спортски директор Фабио Паратичи, кој сега има функција во Тотенхем.

Истрагата наведува дека клубот ги фалсификувал финансиските извештаи, поради што властите заплениле клупска документација.

– Во овој момент активностите се насочени кон утврдување на кривично дело лажна комуникација на фирми и издавање фактури за непостоечки трансакции, велат од највисокото раководство и раководните лица од областа на финансискиот и спортскиот менаџмент – се наведува во службеното соопштение на полицијата.

Можеби поради ваквите проблеми, газдата на Јувентус беше толку „загреан“ за да создаде т.н. Европска Суперлига…

Слични содржини