Вчера, лишени се од слобода Е.М. (22) и 16-годишно лице затоа што истиот ден извршиле кражба.

ИМено, тие околу 7.30 часот влегле во куќа на улицата „Вера Циривири“ во Велес и од сопственичката Б.М.(68) со закана одзеле ќесе во кое имало над 70.000 денари, по што го напуштиле местото на настанот.
По преземени мерки од страна на полициски службеници лишени од слобода се двајцата сторители Е.М.(22) и 16-годишно лице, при што кај нив се пронајдени одземените пари и истите се вратени на оштетената.
По целосно документирање на случајот против сторителите ќе биде поднесен соодветен поднесок.