Полицијата ги лови пешаците кои минуваат улица непрописно

од Берта Китинска
456 прегледи

Во текот на вчерашниот ден (17.02.2022) во периодот од 16.00 до 20.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. Притоа санкционирани се 24 пешаци од кои, 20 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, информираат од МВР.

Оттаму додаваат дека при акциската контрола санкционирани се и 30 други видови на сообраќајни прекршоци.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано, велат од министерството

Од МВР апелираат сите заеднички, со почитување направилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници.

Слични содржини