Полицијата гo фати на дело – скопјанец крадел во салон за автомобили

од Берта Китинска
245 прегледи

-На 16.08.2021 во 05.00 часот на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Т.А.(36) од Скопје, соопштија од МВР.

Тој бил затекнат при извршување тешка кражба во салон за автомобили и кај него биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривичното дело.