Полицијата казнува на секој чекор – за еден ден напишани 283 казни во Скопје

од Берта Китинска
391 прегледи

Вчера во Скопје полицијата изрече вкупно 283 мерки, меѓу кои 95 за возење повеќе од дозволената брзина, 45 за возење под дејство на алкохол, а 41 за возење без возачка дозвола.

Изречени се и 15 мерки за користење мобилен телефон, 16 за некористење сигурносен појас, 12 за возач почетник, седум за нерегистрирани возила, како и пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло).

МВР најавува дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.