Полицијата нема да ги обезбедува литиите во Црна Гора на кои не се почитува мерката од максимум 200 лица на отворен простор

од Nikola Popovski
165 прегледи

Црногорската полиција нема да ги обезбедува јавните собири на кои не се почитува мерката на Националното координативно тело дека максимум 200 лица можат да присуствуваат на нив, објави денеска директорот на Полициската управа на Црна Гора, Веселин Вељовиќ.

„Во случај на повреда на мерката, полицијата ќе преземе активности од нивна надлежност за да ги гони сите одговорни лица“, додал Вељовиќ, а пренесува РТЦГ.

Минатата недела тој ги повика граѓаните да ги почитуваат „досега постигнатите резултати со големи откажувања на социјалната заедница“ и изрази уверување дека организаторот на јавни собири е свесен за фактот дека зачувувањето на здравјето на граѓаните е најважната работа во овој момент.

„Ја потсетувам јавноста дека само во еден кластер од литиите, заразени се околу 70 луѓе, што ни кажува дека јавните собири се уште се реална закана и ризик по здравјето на граѓаните“, порачал Вељовиќ.