„Вчера во 15.30 часот на подрачјето на Центар полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Т.(26) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана.

На 16.01.2022 на паркинг просторот кај спортската сала „Боро Чурлевски” во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода М.Л.(29) од Скопје, бидејќи кај него била пронајдена и одземена ќеса со марихуана.

Исто така вчера од страна на полициски службеници од СВР Битола бил лишен од слобода Г.Д.(22) од Битола, бидејќи кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Денес во 00.00 часот на клучка Матка, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.И.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана“, информираат од МВР.

Слични содржини