305
Полициски службеници на СВР Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово денеска (16 декември) околу 7.00 часот, при планирана контрола, а по претходни оперативно потврдени сознанија, на наплатна станица Желино, го лишиле од слобода Н.И.(53) од Скопје, кај кого при преглед на возилото што го управувал „фиат добло“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на скопска фирма, во возилото биле пронајдени 26.540 разновидни петарди и друга пиротехника и 77 килограми тутун, соопштија од МВР.
Пронајденото е фотодокументирано и одземено за вештачење, а Н.И. е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што против него ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.