Полицијата пукаше на протестите против ковид-мерките во Ротердам (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
356 прегледи

Голем број демонстранти во пристанишниот град Ротердам запалија автомобили и фрлаа камења кон полицијата, која одговори со истрели и водени топови, откако протестите против построгите мерки за Ковид-19 станаа насилни во петокот вечерта, а седум лица беа повредени.

„Пукавме предупредувачки истрели, а имаше и директни, бидејќи ситуацијата беше опасна по живот“, изјави за Ројтерс портпаролката на полицијата Патриша Веселс.

„Знаеме дека најмалку две лица се повредени, веројатно како резултат на предупредувачки истрели, но треба дополнително да ја истражиме точната причина“, рече таа.

https://www.youtube.com/watch?v=fe0zJtUzoeM

Подоцна беше пријавено дека се повредени полицајци.

Агенцијата ДПА јави дека најмалку седум лица се повредени, а десетици се уапсени.

Некои луѓе на социјалните мрежи споделија слики од човекот за кој рекоа дека бил застрелан од полицијата, но полицијата вели дека иако ги видела фотографиите, сè уште не знае како лицето е повредено.

Неколку стотици луѓе се собраа да изразат противење на плановите на владата да го ограничи пристапот до затворени објекти за луѓе без сертификат за КОВИД – доказ дека тие се вакцинирани или закрепнале од инфекција со коронавирус.

https://www.youtube.com/watch?v=UpNMps3KFbg

Полицијата издаде итна наредба во Ротердам и го прекина јавниот превоз и им нареди на луѓето да останат дома.

Беа употребени водени топови, а полицијата на коњи ја растера толпата.

Властите, исто така, ги повикаа минувачите и луѓето кои ги снимиле немирите да ја испратат снимката во полиција за понатамошна истрага.

Слични содржини