Полицијата се уште ги испрашува синовите на Мијалков

од Vladimir Zorba
267 прегледи

Александар и Јордан Мијалков, синовите на екс-шефот на УБК, Сашо Мијалков се уште даваат исказ во полициската станица во Кисела Вода.

Полицијата се обидува да извади информации од нив за тоа каде се наоѓа првоосомничениот во „Таргет-Тврдина“, Сашо Мијалков, пренесе „А1он“.

Пред нив, испитани беа и лицата кои го обезбедуваа Мијалков. Од нив беа одземени и телефоните.

Според медиумот, уредите ќе бидат дадени на вештачење веќе утре, за да се открие дали во нив има информации кои ќе помогнат во пронаоѓање на избеганиот Мијалков.

Слични содржини