Полицијата уапси 8 лица поради фрлање солзавец на концертот на Бреговиќ во Албанија

од Vladimir Zorba

Полицијата во Корча уапси осум лица осомничени за вмешаност во инцидент со солзавец на концертот на Горан Бреговиќ во албанскиот град.

Претходно, на социјалните мрежи се појави снимка од неколку луѓе кои избегаа од местото откако фрлија солзавец.

Децата и постарите се упатија директно кон излезот, додека на едно лице му беше укажана лекарска помош и заврши во Итната помош, пренесува faktor.al.

Бреговиќ одржа концерт на фестивал и покрај бројните барања пред одржувањето да се одложи поради наводните просрпски ставови на музичарите, особено против независноста на Косово.

Концертот се одржа во присуство на неколку илјади гледачи, со строги безбедносни мерки, а повеќе од 200 полицајци беа ангажирани за обезбедување на концертот, од кои повеќето беа околу сцената, додека останатите беа распоредени на главните градски улици.

Слични содржини