Полицијата во Лондон растури протест против мерките за коронавирусот (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
352 прегледи

Полицијата во Лондон растури мал протест против мерките изречени поради коронавирусот и уапси повеќе луѓе и изрече казни, јавуваат британските медиуми.

Полицијата растури група од околу 50 луѓе кои се собраа во близина на палатата Вестминстер.

https://www.youtube.com/watch?v=_S4A-EWGlWw

Некои демонстранти протестираа против мерките воведени заради коронавирусот, додека други протестираа и против мрежата 5G.

Полицијата соопшти дека полицајците реагирале откако демонстрантите во близина на мостот Вестминстер ги прекршиле наметнатите правила заради коронавирусот.