Полицијата во Цирих нуди 10.000 франци за информација за убиецот на Истрефи

од Vlatko K
89 прегледи

Кантоналната полиција на Цирих нуди награда 10.000 швајцарски франци за секое лице кое ќе обезбеди информации за апсење на убиецот на 51-годишниот И. Истрефи.

Македонскиот државјанин Истрефи беше убиен кон крајот на декември минатата година во неговиот локал во местот Рути во Швајцарија.

Инаку, Истрефи е главен осомничен за убиството на Дилавер Бојку во август 2017 година во неговите локал во Струга.

Бојку беше осомничен макро, кој контролирал два главни илегални правци за транспорт на девојки и жени, посебно од Молдавија, Романија и Украина.