Полицијата започна истрага за транспарент против новите сопственици на Њукасл

од Vladimir Zorba
377 прегледи

Полицијата започна истрага против навивачите на Кристал Палас, кои вчера развија брутален транспарент во знак на протест против договорот за купување на Њукасл од јавниот инвестициски фонд поддржан од престолонаследникот на Саудиска Арабија.

Поддржувачите развеаја транспарент пред почетокот на судирот помеѓу двата тима на „Селхерст парк“. На него беше прикажан саудискиот принц со меч во раката, а извршниот директор на Премиер лигата, Ричард Мастерс стои во круг од локва крв со вреќа со пари до него.

Полицијата соопшти дека започнала истрага и обвиненијата за расистички навреди ќе бидат сфатени „многу сериозно“.

Слични содржини