Полициски час во Минеаполис откако полицијата уби Афроамериканец: Бајден повика на истрага

од Stefanija Kuzmanovska
365 прегледи

Во предградието на Минеаполис е воведен полициски час поради немирите што избувнаа во неделата за време на протестот по уште едно убиство на Афроамериканец од страна на полицијата. На улиците се и припадниците на Националната гарда. Американскиот претседател Џозеф Бајден повика на истрага.

Дваесетгодишниот Афроамериканец Дони Рајт беше убиен во неделата откако полицијата го запре при рутинска контрола на возилото, пренесува РТС повикувајќи се на „Ројтерс“.

При проверката било утврдено дека е распишана потерница за него. Кога полицајка го извадила од автомобилот, обидувајќи се да му стави лисици, Рајт започнал да пружа отпор, објавено е на прес-конференцијата.

На снимката од камерата која ја носеше полицајката, а беше прикажани на конференцијата, се слуша дека Рајт бил предупреден. Тој бил застрелан откако ѝ пружил отпор на полицијата и влегол во автомобилот со намера да избега.

По неколку метри, Рајт со смртоносната прострелна рана удрил во дрво со својот автомобил и починал.

Шефот на полицијата рече дека полицајката имала намера да го активира пиштолот за зашеметување кога „случајно“ го застрелала Рајт.

Како резултат на ова убиство, граѓаните на Минеаполис, градот каде минатата година беше убиен и Афроамериканецот Џорџ Флојд, излегоа на улиците.

За време на протестот за убиството на Дони Рајт, дојде до конфликт меѓу демонстрантите и полицијата, која употреби солзавец за да го растури протестот.

И американскиот претседател Џозеф Бајден се огласи за убиството на Донт Рајт, изјавувајќи дека се случила „навистина трагична работа“ и повика на истрага за инцидентот.

Слични содржини