348
Утринава, полициски службеник од Инџиково, се здобил со повреда, при чистењето на својот службен пиштол, соопштија од МВР.
„Утрово околу 3:00 часот во куќа во селото Инџиково, Скопско. А.С. (24), полициски службеник, при чистење на службен пиштол, испукал еден куршум и се здобил со повреда во десното стапало. А.С. е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош“, посочија од МВР.
Оттаму информираат дека за случајот е известен и одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.