Полнет пилешки батак

од Stefanija Kuzmanovska

Состојки:

– 2 пилешки батаци

– 2 пиперки

– 2 кромида

– лук

– 5 моркови

– 2 портокала

– слатка павлака

– сол, бибер, магдонос

Подготовка:

Убаво обработете ги и испечети ги пилешките батаци, смесата за полнење направете ја од кромид и пиперки, лук и магдонос исечкани на коцки.

Пирето го подготвуваме така што морковот се лупи и се сече на ситни парчиња и се вари во вода со портокалите, на крајот сето тоа убаво се меша и се додаваат корите од портокал исечкани на мали стапчиња.

Сосот за пилешкото се направен од слатка павлака и бибер.

Слични содржини