Силната снежна бура, која во неделата започна во Америка, остави околу половина милион луѓе без струја на југоистокот на земјата, сега се движи кон источниот брег, додека Вашингтон и федералните служби полека се затвораат поради катастрофата, јавува денеска „Форбс“.
Националната метеоролошка служба на САД издаде предупредување и предвидува дека во некои области ќе падне снег од 20 до 30 сантиметри.
Според Аку Ведер, снегот веќе паднал, или се очекува да падне во Балтимор, Филаделфија, делови од Делавер, Мериленд, Њу Џерси и Вирџинија.
Државниот завод за човечки ресурси соопшти доцна синоќа дека федералните служби во главниот град денеска ќе бидат затворени и дека на работниците кои не работат во итните служби ќе им биде дозволено да не доаѓаат на работа, но не и на работниците вработени во итните служби.
Неколку училишни области во Мериленд и Вирџинија се затворени поради снежното невреме, а државните училишта во Вашингтон денеска и утре ќе бидат затворени, како дел од големото ковид-тестирање, па отворање се очекува дури во четврток.