Половина од вас знаете дека е правилно да се усвојат уставните измени, но слепо верувате во наредбите, им рече Груби на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski
191 прегледи

Ви завидувам. Би сакал да имам таква политичка партија и јас, која што слепо ќе верува на насоките на партијата. Ако ви каже, гласајте против, иако со убедување сте „за“, гласате „против“. Половина од вас знаете дека е правилно уставните промени да се усвојат, но слепо верувате во наредбите од страв, од партијата што ви доаѓаат, рече денеска првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби од собраниската говорница.

Груби смета дека и „премиерот Димитар Ковачевски сака да има такви во СДСМ, кои што знаат дека е погрешно, ама ќе гласаат како што им е наредено“.

-Сега дознав дека не сте членка на ВМРО-ДПМНЕ, иако партијата ве кандидираше и очигледно не сте знаеле што првела партијата. Очекувам да ми се извините, ѝ порача вицепремиерот на пратеничката Гордана Силјановска-Давкова на седницата за пратенички прашања.

 

Слични содржини