Половина Петриња нема струја и вода, потрагата низ урнатините продолжи и денес

од Stefanija Kuzmanovska
492 прегледи

Пред жителите на Петриња, Сисак, Глина и околината, подрачја погодени од земјотресот во Хрватска, е уште една вечер полна со неизвесност, имајќи предвид дека тлото постојано се тресе, нема струја, а водата, онаму каде што ја има, е неупотреблива за пиење.

Хрватската влада отвори сметка за реконструкцијата и одвои 16 милиони евра за трите окрузи во првата транша од буџетските средства.

Помошта доаѓа или е најавена од цела Хрватска, Европската унија и земјите од регионот.

Единствената добра вест е дека нема информации за нови жртви.

Во текот на изминатата ноќ, илјадници луѓе ги пребаруваа урнатините, а потрагата по евентуално затрупани лица продолжи и денес.

Слични содржини