Половина републиканци не би ги признале изборите при победа на Клинтон

од desk3
92 прегледи

Доналд Трамп постојано повторува “Системот има недостатоци”, “Изборите се нарушени” и сугестијата успешно достигнува до неговите симпатизери, покажува ново анкета на Reuters / Ipsos, спроведена онлајн во периодот 17-21 октомври.

Откако на последната дебата со Хилари Клинтон, тој рече дека ќе ги држи во тензија Американците за тоа дали ќе го признае резултатот од изборите, само половина републиканци велат во анкетата дека ќе го прифатат кандидатот на демократите за свој претседател.

zx450y250_2849003

Според 70% победа на Клинтон ќе биде можна само при незаконско гласање или манипулација на изборите.

Во исто време 70% би ја прифатиле победа на Трамп, а помалку од 50% би ја објасниле загубата со недостатоци или нелегално гласање.

Трамп ги повикува своите поддржувачи да излезат масовно на денот на изборите и да го следат, да не гласаат луѓе кои немаат право на тоа. Студијата на Reuters / Ipsos покажува дека во целиот политички спектар се шири загриженоста од незаконски гласови, попречување на правото на гласање и броењето на гласовите, но републиканците реагираат особено остро на овие прашања.

Големата тревога на републиканците се гледа уште од:

– 70% се сомневаат дека ќе има купување гласови, оштетени автомати за гласање или конфузија на видот на гласовите. (Кај демократите овој удел е 60%).

– Речиси 80% се загрижени дека ќе има ливчиња од луѓе кои не би требало да им биде дозволено да гласаат, вклучувајќи такви без американско државјанство (кај демократите овој удел е 40%)

– Речиси 80% од нив се загрижени за точноста во броењето на гласовите (кај демократите овој удел е 60%)

– Иако се убедени дека ќе можат да гласаат, 60% од републиканците се сомневаат дека нивниот глас ќе биде забележан правилно (кај демократите 80% веруваат во фер броење).

Шестмина од 10 испитаници, независно од партиските симпатии, велат дека се загрижени дека ќе има случаи на изнуда или прогонување на гласачи.

Авторите на истражувањето велат дека нивото на недоверба кон системот – особено меѓу републианците – е невидено и тоа најверојатно е поврзано со личноста на кандидатите.

Една петтина од демократите се подготвени да протестираат, ако Хилари Клинтон изгуби. Кај републиканците овој удел е малку помал. Помалку од 10% од демократите се готови да поминат во опозиција кај помалку од 5% кај републиканците. Три пати повеќе демократи отколку републиканци, се закануваат да ја напуштат земјата.

И двата табора се обединети по едно прашање – повеќето не очекуваат нивниот кандидат да го признае поразот.