Не ја гледаат иднината во ваква Македонија. Младите сакаат да живеат, а тоа не им го ветува економската и политичката сосостојба и реалност овде. Тажна  и болна е реалноста надвор од телевизиските пропагандни секојдневни тероризирања, за „успешност“ и „ раст“ на економијата. Затоа младите  си одат во потрага по вистински и подобар живот.

иселување

Економската ситуација, нереализираните реформи во образовниот систем, животниот стандард, се неколку од причините зошто младите од Македонија сакаат да емигрираат, покажува објавената студија изготвена од фондацијата Фридрих Еберт.

Младите изјавиле дека се незадоволни од актуелните случувања во земјата, особено од економската ситуација и невработеноста. Според оваа студија, младите најдобра можност за вработување гледаат во јавната администрација.

Според резултатите од истражувањето, над 50% (15-19 години) сакат да ја напуштат земјата, 71% се незадоволни од економската и финансиската ситуација, 65% од проблемите со вработување, 80% – од реформи во образованието. 72% од младите изјавиле дека гласаат, а 38% се без политички преференции.

Според Фондацијата Фридрих Еберт прашањето за миграцијата на младите треба да се претвори во јавна дебата и да се изготви долгорочна стратегија.

Слични содржини