Новите правила за увоз на автомобили кои стапија на сила не носат ништо ново во однос на цената. Половните автомобили нема да поевтинат, бидејќи како што велат увозниците ниту давачките се намалуваат, ниту процедурата се забрзува.
Според дел од увозниците, сега ќе биде поскапо за нови модели кои ги нема на пазарот во Македонија, а документот во кои стојат податоците за возилото и кои ние ќе треба да го добиеме директно од импортерот ќе биде поскап за 20 до 30 евра.
„TÜV-потврдите за техничка усогласеност на возилата кои досега ги добивавме од Германија сега ќе ги добиваме од домашните овластени застапници. Во однос на цената ништо не е намалено, напротив само се зголемуваат давачките. Овие потврди сега ќе чинат поскапо, отколку германските. Освен тоа, процедурата воопшто не е забрзана, напротив се успори затоа што нашите увозници не беа подготвени за овие законски измени. Сега импортерите на возила кои треба да ги издаваат овие потврди имаат повеќе работа, а немаат доволно вработени и неможат да постигнат велат дека во моментот имаат преку 2.000 возила кои чекаат потврди“, пишува „Бизнис Инфо“.