13
Полска одлучи да ги модернизира сите цивилни аеродроми за да ги направи погодни за потенцијална воена употреба, изјави денеска министерот за одбрана на земјата, Владислав Кошчињак-Камиш.
Министерот прецизираше дека оваа адаптација ќе им овозможи на аеродромите да служат како транспортни центри, точки за евакуација, магацини за стоки или места за давање помош во итни ситуации, објави полскиот Радиопик.
„Секој аеродром мора да биде прилагоден за да овозможи соработка со војската“, рече Кошчињак-Камиш, додавајќи дека веќе е започната работа на неколку клучни полски аеродроми.