Новиот шеф на полската дипломатија денеска го повика Западот да ја опреми Украина со ракети со долг дострел кои ќе ѝ овозможат да одговори на масовните руски напади „на јазик кој Путин го разбира“.
Русија вчера изврши нови масовни воздушни напади во Украина, при што загинаа најмалку пет цивили, а беа ранети 130 лица главно во Киев и Харков, според украинските власти кои продолжуваат да бараат од западните сојузници зголемена воена помош.
We should respond to the latest onslaught on Ukraine in language that Putin understands: by tightening sanctions so that he cannot make new weapons with smuggled components and by giving Kyiv long range missiles that will enable it to take out launch sites and command centers.
— Radosław Sikorski 🇵🇱🇪🇺 (@sikorskiradek) January 3, 2024
„Треба да одговориме на последниот напад врз Украина на јазик кој Путин го разбира – со зајакнување на санкциите за да не може да произведува ново оружје со шверцувани компоненти и со давање на Киев проектили со долг дострел кои ќе му овозможат да ги уништи руските места за лансирање и командни центри“, напиша Радослав Сикорски на X.
Полска е еден од главните поддржувачи на Украина во Европа, и покрај заладувањето во последните месеци поради трговските спорови. На функцијата од средината на декември, во рамките на новата проевропска полска влада, Сикорски го направи своето прво патување во странство непосредно пред Божиќ кај неговиот украински сојузник за да го информира за континуираната поддршка на Полска против Москва.
Во таа прилика тој ги повика Европската унија и САД да ја „мобилизираат“ својата економија и средствата за производство за да ја вооружат Украина.