Полска го суспендираше увозот на украинско жито

од Nikola Popovski
151 прегледи

Украинското жито ќе транзитира низ Полска само во трети земји барем до јули, изјави за „ТВП Инфо“ полскиот заменик министер за земјоделство Јануш Ковалски. Тој додал дека полско-украинскиот договор за жито е првиот чекор во решавањето на земјоделската криза во земјата, која беше предизвикана од големиот прилив на евтино украинско жито.

„Сите производи мора да поминат низ Полска, но не смеат да им наштетат на полските земјоделци и производители“, рече тој.

Полските земјоделци веќе извесно време протестираат против значителниот прилив на украински житарки, кои поради ниските цени претставуваат закана за домашниот пазар, пишува „Kyiv Independent“.

Украина е еден од најголемите извозници на жито во светот, но руската инвазија го попречи нејзиниот извоз преку пристаништата на Црното Море. Минатото лето беше постигнат договор со посредство на ОН и Турција за коридор за обезбедување на снабдување на земјите од Блискиот Исток и Африка, кои се главни клиенти.

Извоз без царина

Дел од украинските пратки во меѓувреме беа пренасочени преку Полска и Романија, а некои таму го завршија патувањето. Бидејќи се поевтини од родот на домашните земјоделци поради укинувањето на царините и увозните квоти на Европската унија, ги намалија цените и нивната продажба.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја посети Полска на 5-ти април и разговараше за проблемот со увозот на жито со локалните власти.

„Разговаравме за проблемите околу полските и украинските земјоделци. Најдовме решение“, рече Зеленски.

„Помеѓу такви блиски партнери и вистински пријатели како Полска и Украина, не може да има никакви проблематични прашања“, додаде украинскиот претседател и се заложи за царини за сите земјоделски производи од Украина.

Полската влада ја повика Европската комисија (ЕК) повторно да воведе царини за украинските житарки, но Комисијата го продолжи бесцаринскиот режим со Украина за уште една година.

Слични содржини