Полските власти одлучија да преместат воени единици на истокот на земјата поради присуството на паравоената група Вагнер во Белорусија, соопшти секретарот на Одборот за одбрана Збигњев Хофман.
„Комитетот анализираше можни закани, како што е дислокација на единиците на групата Вагнер. Затоа, министерот за национална одбрана, претседателот на Комитетот, Мариуш Блашчак, одлучи да премести наши воени формации од запад кон исток на Полска“, изјави Хофман, пренесува „Ројтерс“.
Тој додаде дека обуката или заедничките вежби на белоруската армија и паравоената група Вагнер „несомнено се провокација“.