223
Полска ќе им помогне на Шведска и Финска доколку бидат нападнати и пред да станат членки на НАТО, изјави денеска премиерот на Полска Матеуш Моравјецки.
„Приклучувањето на Шведска и Финска во НАТО го сметам за важен сигнал за зајакнување на безбедноста во Европа“, рече Моравјецки, пренесува „Ројтерс“.
Финска и Шведска официјално аплицираа за членство во НАТО во средата, по руската инвазија на Украина.