Полска: Нови протести и солзавец во врска со Законот за забрана на абортус (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Полската полиција во Варшава интервенирала со солзавец, во обид да го разбие протестот на илјадници полски жени поради скоро целосната забрана за абортусот. Во четвртокот, на 28 јануари, десничарската влада на Полска објави на официјален профил на Твитер дека законот ќе стапи на сила, откако одлуката на Уставниот суд беше објавена во Службен весник.

Митингот против законот, кој речиси целосно забранува абортус, дојде откако конзервативната десничарска влада објави дека законот официјално стапил на сила.

Илјадници граѓани протестираа во Варшава и другите делови на Полска трета последователна ноќ и покрај ограничувањата поради коронавирусот и температурите под нулата.

„Моето тело, мој избор“, „Револуцијата има матка“ и „Имате крв на рацете“ се дел од пораките на транспарентите од протестот.

Контроверзниот закон беше усвоен во првата фаза во октомври 2020 година, но неговото конечно усвојување беше одложено поради масовните протести на незадоволните граѓани ширум Полска кои не беа за усвојување на овој закон.

Во четвртокот, на 28 јануари, десничарската влада на Полска објави на официјален профил на Твитер дека законот ќе стапи на сила, откако одлуката на Уставниот суд беше објавена во Службен весник.

Според новиот закон, жените во Полска ќе имаат право на абортус само во два случаи, ако животот на мајката е во опасност или бременоста е резултат на силување. Претходната одлука за дозволување абортус во случај на оштетување на фетусот е отфрлена од новиот закон.

Полска има донесено слични закони за прашањето за абортус неколку пати низ историјата, а според официјалните податоци, Полска има убедливо најригорозни закони од ваков вид во Европската унија.

Поради неможноста да се извршат абортуси во болниците и поради манипулација со податоци, жените во Полска се повеќе се одлучуваат за нелегален абортус, а има повеќе од 200.000 вакви случаи за една година.

Слични содржини