Полските разузнавачки служби обвинија руски конзул за ширење на коронавирусот.
„Рускиот конзул кој беше протеран од Полска беше заразен со коронавирусот, но тој сепак учествуваше на состаноци и се појавуваше на јавни места“, изјави портпаролот на министерот-координатор на разузнавачките служби, Станислав Зарин, пренесува агенцијата ПАП.
Покрај тоа, „Полската телевизија“ тврди дека „дипломатот и неговата ќерка имале позитивен тест (на коронавирусот) на 21 јануари, а три дена претходно била потврдена инфекција со вирусот САРС-КоВ-2 кај неговата сопруга“.
„Сепак, тој не остана во изолација и го напушти своето живеалиште“, истакнува телевизијата.
Во февруари, рускиот конзул во Познањ беше прогласен за персона нон грата како одговор на претходното протерување на полскиот конзул во Санкт Петербург поради учество во неовластени улични протести.