248
ПОЛСКА распоредила снајперисти на границата со Белорусија, соопшти главната команда на вооружените сили на таа земја, пренесува RMF.FM.
Командата објави и снимка на која се гледаат војници со снајперски пушки на границата.
– Се уште е опасно на границата со Белорусија. Полските патроли се нападнати од агресивни странци. Секој ден офицерите и војниците стануваат предмет на агресија – изјави Станислав Жарин, портпарол на министерот за координација на полските разузнавачки служби.
Според полските власти, белоруските специјални служби носат мигранти и „опрема за преминување на границата (скали, алати за сечење).