Полска се откажа од активирање на членот 4

од Nikola Popovski
125 прегледи

Полска се откажа од плановите за примена на член 4 од Повелбата на НАТО за итни консултации, изјави синоќа за „ТВП“ полскиот премиер Матеуш Моравјецки во врска со ракетниот напад што се случи пред два дена на полска територија.

„Текот на настаните и информациите што ги добивме во текот на ноќта не наведоа да заклучиме дека не се работи за намерен напад врз Полска. Според нашите досегашни информации, немало план за напад на полска територија и затоа не го активиравме членот 4, туку го задржавме во резерва“, изјави Моравјецки, пренесува Спутник.

Полскиот премиер истакна дека Полска секако редовно се консултира со НАТО.

„Редовно се консултираме. Доцна синоќа на состанокот на Советот на Комитетот за национална безбедност заедно со претседателот решивме да ги провериме предусловите за примена на членот 4, а доколку постоеја, нашиот амбасадор во НАТО ќе имаше можност да го употреби“, рече синоќа Моравјецки.

Претходно полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека постои голема веројатност ракетата што паднала на полска територија да и припаѓа на украинската армија и дека со оглед на ситуацијата веројатно нема потреба да се активира членот 4 од Повелбата на НАТО.

Слични содржини