241
Полските власти денеска објавија дека уапсиле 18-годишен маж обвинет дека планирал, заедно со исламистичките милитанти, да бомбардира владина зграда.
Тој, наводно, собирал информации и производи за изработка на појас со експлозив, а бил уапсен во јуни во јужна Полска, соопшти Агенцијата за внатрешна безбедност (ABW), пренесува „Ројтерс“.
„Уапсениот државјанин на Република Полска е обвинет за учество во организирана криминална група со цел да изврши кривично дело тероризам“, се вели во соопштението на ABW.
Се додава дека младиот човек конвертирал во ислам на крајот на 2022 година и дека негов пример биле милитантите како Осама Бин Ладен.
Приведениот 18-годишник ќе биде задржан во истражен затвор најмалку три месеци, јавува „Танјуг“.