Полските воени сили организираат бесплатни курсеви по женска самоодбрана, за време на кои ќе обучуваат претставничките на понежниот пол во боречки техники пренесува International Business Times (IBT ). Како што пишува весникот, оваа иницијатива е поврзана со зајакнување на стравувањата на Полјаците од “руско инвазија”.
„Министерството за национална одбрана на Полска организира бесплатни курсеви по самоодбрана за жени, кои ќе се одржуваат во 30 воени бази во целата земја”, пишува International Business Times. Цитиран е и полскиот министер за одбрана Антони Мачеревич, кој објаснува дека во текот на сесиите жените ќе асимилираат „главните борбени техники и како целина ќе го зголемат нивото на својата физичка подготовка“.

„Ги покануваме сите жени да се вклучат, се уште има места. Нема ограничувања за возраста”, додал министерот. Курсевите започнуваат на 12 ноември 2016 година и завршува на 3 јуни 2017 година. Натпреварувачките ќе потпишуваат изјава дека Министерството за национална одбрана не носи одговорност за евентуални повреди, затоа жените треба сами да си направат медицински осигурување. Весникот забележува дека иницијативата е поврзана со стравот на Полска од „руската инвазија” поради заострување на односите покрај украинскиот конфликт. Варшава веќе побара од НАТО да го засили военото присуство во регионот.